Во Република Албанија не живее никакво бугарско малцинсто, отварањето на бугарски клуб во Пустец претставува провокација и омаловажување, како и обид за асимилација на Македонците што живеат во Албанија, реагираат од Македонското движење за самоопределување (МДС) од Албанија.
Бугарската пропаганда пуштена е на најако во Република Албанија, во населените места каде што претежно живеат Македонци. Обидот за отварање на бугарски клуб во село Пустец, Мала Преспа не претставува ништо друго освен провокација и омаловажување на Македонците од страна на Бугарија и бугарските агентури, задскриени под превезот на таканаречената Фондација „Фондација Македонија“ предводена од Виктор Стојанов.
Државата, Република Албанија мора да застани во заштита и одбрана на своето население и на овие шарлатани кои што како шерифи се шетаат низ Мала Преспа да му се забрани влез во државата.
Овие лица од Бугарија треба еднаш и засекогаш да разберт дека од Македонец, „бугарин“ не бидува. Бидејќи македонизмот и македонштината со нас се раѓа, со нас живее и се пренесува од колено на колено, и затоа ќе биде вечна.
Македонизмот ќе го надживее договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, како и Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, со кој за жал беше сменето уставното име на нашата матична земја МАКЕДОНИЈА, исто како што ќе ги надживее сите негатори на МАКЕДОНЦИТЕ.
Во меѓувреме, македонската партија (МАЕИ) како дел од власта на Еди Рама, и општина Пустец цврсто да застанат во одбрана на Македонското население и да не дозволат никакви провокации од страна на овие еден-двајца бугари кои што шпартаат низ Мала Преспа.
МДС застанува цврсто во заштита на Македонците во Република Албанија и во заштита на македонското културно наследство.
Македонија и Македонците вечни!, стои во реакцијата на МДС.