Тој кажа дека Франција место тоа ќе го насочи своето воено присуство кон специјализираните регионални сили.
По разговорите со африканските лидери од регионот на Сахел, Макрон објави дека Франција постепено ќе го намали бројот на војници од сегашните 5.000 на 2.500 до 3.000.
Намалување на француското воено присуство во овој регион Макрон најави во јуни, кога изјави дека тоа веќе не ги исполнува потребите на оваа област.
На присуството на француските сили, кои дејствуваат во Мали, Чад, Нигер, Буркина Фасо и Мавританија, се противеа и некои Африканци.
Макрон кажа дека француските сили во регионот Сахел ќе бидат реорганизирани во следните шест месеци.
Француските трупи се присутни во Мали од 2013 година, кога интервенираа на северот од земјата за да ги отстранат од власта бунтовниците, исламистички екстремисти. Акцијата подоцна беше проширена и кон другите земји заради стабилизирање на регионот Сахел.
Меѓутоа, исламските екстремисти продолжија да вршат напади врз војниците, а во се поголем број и против цивилите.