По преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Гази Баба расчистиле кривично дело „одземање на моторно возило“.
По извршено вештачење било утврдено дека малолетник од Скопје на 03.05.2023 на подрачје на Гази Баба одзел патничко возило „хјундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки. Денеска во Полициската станица Гази Баба, во присуство на родител и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетникот, во кој тој го признал делото, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.