Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18:30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје и малолетникот.

По незгодата, малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.