Во врска со информацијата од АНБ дека во време на власта на СДСМ и ДУИ се следени и прислушувани лидерот на тогашната опозиција Христијан Мицкоски, други политичари, новинари, обвинител, бизнисмени и други јавни личности, за Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненандување, туку само потврден факт на она што сме го знаеле, а АНБ успеала да обезбеди докази.
Власт која ги добила функциите со објавување туѓи прислушувани разговори кои им ги обезбедил нивни поранешен политициски функционер Зоран Верушевски,а никој не ги спречил таквите прислушувани разговори јавно да ги објавуваат и употребуваат за свои политички цели, јасно е дека таа и таква власт ќе проолжи со незаконско прислушување и следење.
Кога тогашниот јавен (државен) обвинител Марко Зврлевски објави соопштение со барање до медиумите, до СДСМ и ДУИ да не ги објавуваат разговорите, бидејќи е спротивно на закон, дел од јавноста, особено медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги кршеа законите и објавуваа телефонски рзговори и на новинари.
Оттука натаму, сите правила, сите етички норми и сите закони во врска со прислушувањето и следењето станаа прифатливи за СДСМ, за ДУИ, нивните медиуми и нивните симпатизери.
По се изгледа дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло на СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели.
И кога СДСМ и ДУИ беа на власт пишувавме дека АНБ и другите полициски структури следат и прислушуваат.
Сигурни сме дека ова што АНБ првично го објави не е се, бидејќи и ние знаеме, а и тие знаат дека во АНБ сеуште има структури на СДСМ и ДУИ кои учествувале во ова, дека пред промена на власта се вршени уништувања на документација и траги и докази во АНБ за кои веројатно јавноста допрва ќе биде известена.
Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако ова обвинителство и ова судство ни покаже обвиненија и пресуди за сторителите.
Да ги потсетиме во обвинителството и судот дека после повеќе од 5 години сеуште немаме извештаи и разрешница за прислушување на интерните телефони во обвинителството и разговори на обвинителите, како и прислушување на судии.
Материјали кои се користени за уцени на обвинители и судии да постапуваат за потреби на власта на СДСМ и ДУИ“, соопштија од Македонската асоцијација на новинари (МАН) во врска со информациите за последниот скандал со прислушување политичари, бизнисмени, новинари, обвинител и други јавни личности.