Наместо американската компанија за производство на автомобили „Шевролет“, следната сезона на дресовите на „црвените ѓаволи“ ќе се појави името на софтверската компанија „TeamViewer“.

Договорот меѓу клубот од „Олд Трафорд“ и германската компанија е потпишан на пет години, кој тежи 235 милиони фунти. Тоа значи дека Јунајтед ќе добива по 47 милиони фунти годишно што е најголемиот договор за рекламирање на дрес во англиската Премиер лига.