Вардар загуби убедливо, па сега е во зоната за бараж откако Академија Пандев со победата над Струга трим Лум (1-0) ги прескокна, но црвено-црните сега се и на бод од Силекс, а три бода од претпоследната Ренова и после репрезентативната пауза ги очекува пеколниот распоред со дуелите против директните конкуренти за опстанокот.

Комити во соопштението посочуваат дека срамот од Шкендија и реакцијата не е насочена кон фудбалерите, туку кон сите што во изминатиов период го оставија клубот практично да потоне.

Целото соопштение на Комити ви го пренесуваме во целост.

„Срам. Голем СРАМ !

Но не за оние кои денес се појавија на теренот да ги бранат боите на Вардар. Не, тие се наши херои, затоа што тие се тука за да не осигураат дека Вардар ќе постои. И затоа нема ни збор да кажеме за нив во лош контекст.

Ова е срам за оние кои себеси се декларираат како Вардарци, а со ниту еден свој чекор ниту дело не ја оправдаа таа чест.

Ова е срам за сите тие кои можеа да спречат, а сепак дозволија ваква деградација и понижување на името Вардар.

Ова е брука за сите тие кои го користеа и користат Вардар како оружје за политички битки, некои повеќе некои помалку, а сепак на сите им се крвави рацете.

Ова е срам за оние кои го предаваат и демонстративно го пуштија Вардар низ реката, но и за оние кои видоа дека се дави но не сторија ништо за да го спасат давеникот. Но и не само тоа, туку Вардар е фрлен со една карпа врзана околу врат, и не му се дава никаква шанса, туку се дозволува да тоне и да потоне, за да не може никако да се спаси, и згора на тоа со веслата го удираат душмански по главата.

Срам да ви е на сите, нема да ви го простиме ова, садисти без срце и душа !

Те сакаме Вардаре, издржи до крај, и колку и да е тешко, едноставно МОРАШ!“, стои во рекацијата на Комити.

Срам. Голем СРАМ !
Но не за оние кои денес се појавија на теренот да ги бранат боите на Вардар. Не, тие се наши херои,…

Posted by Komiti Skopje on Saturday, March 20, 2021