Премиерлигашот Манчестер сити се најде на врвот на листата на клубови со најскапи состави меѓу екипите од најдобрите пет лиги во Европа.
Според истражувачкиот центар „CIES Football Observatory“, вкупната вредност на фудбалери на Сити се проценува на 1,280 милијарди евра.
На второ место е Манчестер јунајтед (1,214 милијарди), додека трет е Челзи (946 милиони).
Следуваат Барселона (896 милиони), Баерн (890), Ливерпул (868), Реал (846), ПСЖ (808), Борусија Дортмунд (687) и Атлетико Мадрид (662).
Проценетата вредност е од 1 октомври 2021 година. Играчите кои се на позајмица не беа земени предвид.