Поранешниот тренер на Манчестер сити, Роберто Манчини не ги смета „граѓаните“ под водство на Хосеп Гвардиола за најсилниот тим на светот.

– Не може да има предвидувања пред финалето. Манчестер сити на Гвардиола не е најсилниот тим на светот, но знае да игра најдобро. Добро го познавам Симоне Инзаги, го видов како расте како играч и тренер. Верувам во него. Нели беше на мета на критичарите пред неколку недели? Работата на тренерите не е лесна, изјави Манчини за „La Stampa“.

Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Интер ќе се одигра на 10 јуни со почеток во 21 часот.