Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
Собраниската комисија ги усвои барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами. Собраниската комисија ги усвои нивните барања за апанажа, па на нивната сметка според информациите во јавноста ќе им легнува до 2.500 евра месечно. Гласањето на комисијата беше без дискусија, туку директно се преиде на гласање.
Каде ќе продолжат поранешните минситри?
За разлика од нив екс министрите како Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа. Тие ќе се вратат на нивните поранешни работни места. Пенов ќе оди во пензија, а веројатно најинтересна е фигурата на Артан Груби кој ќе станел професор по новинарство. Османи се враќа назад на Клиниката за дигестивна хирургија, Грковска повторно во МВР, а Шукова во Министерството за животна средина. Алиу оди во приватниот бизнис.
Дел од министрите не се изјасниле
Ваквото право дали ќе го искористат Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште нема став во јавноста и уште се немаат изјаснето.
Прмиер на Спасовски и Ковачевски
Оснатите министри од владата предводена од Ковачевски или станале пратеници, или одат во пензија. Претходно актуелен бешен примерот кога Ковачевски и Спасовски побараа апанажа.
Кој има право на апанажа?
Право на распределба на апанажа имаат сите поранешни министри, пратеници, директори на јавни претпријатија. Според информации до сега одобрени се апанажи за 40 поранешни функционери, а дури 36 од нив се поранешни пратеници.
Раст на платите за 78 отсто
Освен тоа, вреди да се потсетиме дека пратениците имаа високи плати особено по минатогодишниот значаен раст на платите од 78%. Ова годишно зголемување на платите треба да стане редовна појава откако Уставниот суд ја укина фиксната основица. Сега, како што расте просечната плата, така ќе растат и платите на над 1.000 функционери, вклучувајќи министри, судии, обвинители и градоначалници.
Стево Пендаровски нема да добива апанажа
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од земање апанажа и дел од привилегиите кои му следуваат. Побара само обезбедување.