–Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности, рече Маричиќ.
Според него, во интерес на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што, во спротивност, кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја туку и на Западен Балкан, ќе биде ставен под знак прашање.
На прашањето за напредокот на Македонија според Европската комисија, Маричиќ одговори дека Владата и правосудните органи направија големи исчекори во правосудниот систем, спроведувајќи го прочистувањето на судството, со зајакнување на критериумите за избор и разрешување на судиите и обвинителите. Ја истакна и важноста на Академијата на судии и јавни обвинители во враќањето на довербата кај граѓаните во судството.