Биткоинот денес се врати на околу 50.000 американски долари во азиското тргување, откако падна дури 17% по објавувата на Маск.
-Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јагленот, кој има најлоши емисии од било кое друго гориво, напиша Маск.
Цената на најголемата криптовалута во светот падна од околу 54.819 на 45.700 долари, што е најниска од 1 март, нешто помалку од два часа по објавата на твитот на Маск. На азискиот пазар, биткоинот надокнади половина од таа загуба.
Етериум, втората по големина крипто валута во светот, исто така падна за 14 проценти на најниско ниво од 3.550 долари, пред да закрепне на околу 3.965 долари.
Веста дека Тесла купи 1,5 милијарди долари во биткоин и ќе ја прифати како валута за плаќање на своите автомобили беше еден од главните фактори во зголемувањето на цените на дигиталните валути оваа година.
Како резултат, коментарите на Маск ги разнишаа пазарите, иако тој рече дека Тесла нема да продаде ниту еден биткоин и ќе продолжи да прифаќа биткоини како платежно средство веднаш штом копањето за крипто валутата ќе премине во поодржлива енергија.
-Прашањето за огромна употреба на енергија од копањето на биткоин е познато подолго време и не е ништо ново. Но, земени заедно со неодамнешните коментари на Маск за Dogecoin, неговите последни коментари се чини дека сугерираат дека неговата страст кон криптовалутите може да се намалува, рече Макото Сакума, истражувач на Институтот за истражување NLI во Токио.
Energy usage trend over past few months is insane https://t.co/E6o9s87trw pic.twitter.com/bmv9wotwKe
— Elon Musk (@elonmusk) May 13, 2021
As always pic.twitter.com/gtFmtokzEZ
— Elon Musk (@elonmusk) May 13, 2021