На 01.06.2024 во 18:47 часот СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници.
Во масовната тепачка, осуденикот Х.Ф.(29) од с.Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.