Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.А.(44) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 01.06.2023 на социјалната мрежа „Фејсбук“, на објава на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал говор на омраза и дискриминација.