Ја поздравувам поканата на Билал Касами да се обединиме сите кон фронтот против ДУИ, но засега остануваме фракција, вели во изјава за Алфа предводникот на „Огнените“, Изет Меџити.
-Грешката е направена уште во 2020 година, зашто Ахмети кој оди по паметот на Груби, мислејќи дека ако ги внесат Алијанса во владата, во наредните 20 години нема да има опозициска албанска партија, но домашниот есап на пазар не излегува. Многу е тешко да се спои електоратот на ДПА и Алијанса, бидејќи се целосно спротивставени, и да се спојат, многу е тешко да се спои електоратот на ДУИ и електоратот на Алијанса, бидејќи цело време биле на нож, имало и луѓе што лежеле по затвори, имало и жртви. Гласачот, активистот, милитантот нема да може тоа да го заборави. Имате БЕСА, Алтернатива, тоа се електорат, кој биле дел од ДУИ, и тоа на видни функции, значи тие се наклонети на една иста основа, така да многу полесно е да се спои електоратот на Алтернатива, БЕСА, па и на некои незадоволни од ДУИ. На Албанците им требаат два политички блока. Не им требаат десет, но треба барем две – една владејачка и една силна опозициска, а не квази опозициска, вели Меџити.