-Сфатете го сериозно овој непредвидлив вирус, повика таа.

Меркел зборуваше за пренатрупаните оддели за интензивна нега со сериозно болни пациенти ширум Германија и ужасно високиот број на починати како последица на вирусот.

Секој од нив зад себе ги остава семејството и пријателите, шокирани и беспомошни. Ова е посебно горко затоа што може да биде избегнато. Со ефективни и безбедни вакцини, клучот е кај нас, кажа Меркел и им се заблагодари на граѓаните кои имаат разбирање за мерките за заштита од коронавирусот.

-Тие го сочинуваат огромното мнозинство во нашата земја. Тие секој ден го покажуваат граѓанскиот дух кој ја прави оваа земја прекрасна и без нив никој канцелар, ниту влада, не може да постигне ништо, додаде долгогодишната германска канцеларка.

Меркел ја напушта функцијата следната недела и на нејзиното место доаѓа Олаф Шолц од социјалдемократите.