Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ново обвинение само еден ден по судското рочиште за незаконско назначување на директори во четири училишта. Обвинителството го товари за несовесно работење, овој пат поради назначување на вршителка на должноста директорка во основното училиште во селото Радолиште, која не ги исполнувала законските услови.
Мерко повторно на удар: Незаконско назначување директорка во струшко училиште
М
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се соочи со ново обвинение за незаконско именување на директорка во основното училиште во Радолиште, која не ги исполнувала законските услови. Против него веќе се водат судски процеси за незаконски активности, вклучувајќи набавка на луксузно возило и бесправна градба.