Две години се случува ова, зборуваме за кризна состојба за енергетиката, но знаете ли колку држави имаат прогласено енергетска состојба. Кај нас кризата почна многу порано, не со војната. Освен Македонија само Молдавија, Косово и Албанија имаат прогласено официјално кризни состојби, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Разговор со редакција на ИРЛ“ при што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ за струјата побара надзорна расправа уште во септември 2020 година.
– Јас сум еден од поборниците што постојано, зборувам, барам интервенции, односно да кажам дека не се работи добро со енергетската криза, односно се касни со мерките и не сум сигурен како власта ќе се справи со самите мерки, рече тој.
Мицевски за тоа што ќе се дискутира во Собрание и зошто се касни со мерки истакна дека мора да се расчисти дека одговорноста при носењето на одлуки и договарањето на седниците што ќе биде точка на дневен ред е поголем дел на власта, затоа што реагира и ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ уште на 18 септември 2020 година, многу пред да настане оваа енергетска криза бараше надзорна расправа од собраниската комисија за финансирање и буџет за поскапувањето на електричната енергија. Ова беше отфрлено и не беше разгледано. На 3 март 2022 година побаравме расправа на комисија за економија за состојбата со покачување на сметките на струјата во стопанството. Тоа беа првите удари, и таа јавна расправа до ден денес не е случена, нагласи Мицевски.
Тој потенцираше дека кога се зборува за транспарентност и кога се бара иста одговорност мора да се направи разлика, бидејќи одговорноста е кај власта, а граѓаните бараат спас.
– Каде е проблемот, обврска на владата е да ги детектира проблемите. Ние повеќе од 2 години имаме укажано и побарано надзорна расправа, каде точно детектирани имиња и институции кои имаат обврска да седнат на надзорно столче и да увидиме која обврска ја имаат, да дадат точни информации, и да почнат да се решаваат проблеми. Две години нема таква надзорна расправа, рече Мицевски.