14 луѓе живи гореа, 14 луѓе викаа во модуларната болница во Тетово, до ден денес нема одговорност, нема еден кој ќе одговара за оваа работа, но јас ви ветувам дека веднаш по големата победа на опозицијата на овие локални избори и новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ одговорност ќе има. Одговорност мора да има од првиот до последниот јас ви го ветувам тоа. Стојам овде и ве гледам во очи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Струга.

Јас не знам што ќе донесе таа иднина, навистина не можам да претскажам што ќе донесе таа нова иднина, но знам кој ќе ја донесе таа нова иднина. А, ќе ја донесе новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. И таа иднина ќе биде многу подобра од оваа денешна политичка промашена приказна. За тоа сакам да порачам дека сме тука сите ние заедно обединети еден до друг, и тоа не е апстрактен поим, ниту пак бајка во која што ви велам само да верувате. Ова се избори, ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре. Често пати кога давам интервјуа, и кога разговарам со луѓе ми го поставуваат прашањето што ќе било за тебе победа, еве ќе ви дадам одговор јавно, гласно од овдека од Струга, победа е да направиме спротивно од овие 30 години. Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи. Победа е кога ќе погрешиме, кога ќе констатираме дека сме погрешиле ќе се извиниме и ќе се корегираме, а грешката ќе ја исправиме. Победа е кога ќе се почитуваме и дури и тогаш кога сме различни, победа е кога создаваме вредности, да создаваме принципи, рече Мицкоски.

Според Мицкоски победа е да има одговорност кога треба, а кога можеме да кажеме да направивме се што можевме.

Победа е да не се откажуваме, победа е да создаваме, победа е да работиме. Победа е да одиме напред, победа е да имаме цели, а целта е да влеземе во ЕУ, посочи Мицкоски.