-Европски политичар, бугарски европски политичар, овие нашиве „харвардовциве“, нашиве двајца премиери го осудија ли овој европратеник, да му речат ние се оградуваме од оваа изјава, ова не е наш став, ако не се оградат исто како да е нивен став, знаете што значи тоа да каже некој европратеник дека е ова е „втора бугарска држава“, и никој да не прокоментира е скандалозно, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски вели дека на ваквите изјави мора да им се стави крај исто како што мора да му се стави крај на коленичењето, а државата мора конечно да покаже карактер.