Лидерот на опозицијата Мицкоски се осврна кон зборовите кои градоначалникот Шилегов ги искажа против него, велејќи дека тоа е одраз на паника бидејќи како што вели Шилегов е „фатен 100:0 со рацете во медот“.

– Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот.На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? …, хммм 🤔. Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата? Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl… )но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€.

Мицкоски додаде дека градот ќе биде убав и Скопје ќе биде европско, но напомена дека истиот мора да биде ослободен од актуелниот градоначалник Шилегов.

– Крајот ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и расфрлање со своите пари, напиша Мицкоски.

Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене (слика 4)?…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, May 3, 2021