Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Дневникот на МТВ, истакна дека Зоран Заев продолжи со политизација на правосудството во Македонија и тоа го покажува и поставувањето на првиот човек на Судскиот совет, а се работи за личност која нема донесено ниту една пресуда во животот.
– Ова обвинителство и судство видовме какао функционира, вчера за претседател на републичкиот Судски совет, човек односно дама која нема ниту една судска пресуда, ниду ден судски стаж беше избран во политизираното судство на Зоран Заев, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ако ова се реформите, нека не ве чуди ако догодина наместо 11љ бидеме 121 место на листата на Транспаренси Интернешнл.
Во однос на пратениците кои дојдов во Собранието позитивни на коронавирус Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и за тоа има доволно аргументи, и покрај политизираното судство.
– Се изнесоа многу лаги, се правдаше носењето на тие двајца заболени од ковид, бараа изговори дека прашање било дали опозицијата ќе го гласа петтиот пакет, но јас ќе ве потсетам дека токму опозицијата беше таа која цело време бараше решение како да се одглави процедурата во Собранието. Тоа беа нечии фрустрации и лоша пракса и не личи на земја кандидат за членство во ЕУ, потенцира Мицкоски