Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во неговиот говор пред присутните во античкиот локалитет Хераклеа ги нарече лаги тврдењата на СДСМ околу црните листи, по одлуката на претседателот Бајден, и дека истите се последица на рејтингот на лидерот на партијата Зоран Заев, кој според Мицкоски, драматично паѓа поради криминалот и корупцијата.

-И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија. До рејтингот е… Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштитата на криминалот и лагите за опозицијата, рече Мицкоски.

Според Мицкоски одлуката и извештајот на САД се однесува првенствено и на високото ниво на корупција.

-Ајде да зборуваме за тоа дека ниту една голема афера нема правна разрешница. Кој човек од власта лежи казна затвор. Зошто Заев го брани Рашкоски, а судот испорачува и го ослободува. Каде се парите од рекетот? Зошто се дозволи да избега Ден Дончев иако на камери видовме како зема туце пари. Што е со пасошите давани за криминалци и аферата мафија. Таму лежат службеници, а нема истрага за Спасовски. Зошто никој не го викнал Вице за рекетот од 250 илјади евра во РЕК, додека Ковачевски за зделката е унапреден од директор на РЕК во директор на ЕЛЕМ. Има уште стотици и стотици други скандали, афери, криминали, кражби, неправди и измами. рече Мицкоски.