Мицкоски во емисијата „Патот кон…“ на Алсат изјави дека оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори на пролет.
По неуспехот на иницијативата за уривање на Владата, Мицкоски вели дека има постојана комуникација со Алијансата за Албанците и нејзиниот лидер Зиадин Села, но и со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, чии неодамнешни постапки, вели – изградиле бариера меѓу нив.
Мицкоски наскоро ќе поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, а засега нема противници.