ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер имаат долга и плодна соработка, која резултира со поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја добива преку обуки, школи, и други заеднички проекти.

– Господинот Браун го запознав со актуелната политичка ситуација во Македонија, пред се лошите политики на власта кои значат 60.000 отпуштени, скоро 6.000 починати и 6.200 затворени фирми, а тоа е така затоа што власта наместо да работи за државата и народот, брка провизии за вакцини и врши сомнителни набавки, и криминал кој останува неказнет. Буквално кажано криминалот го јаде општеството. Констатиравме дека владата владее со сила и не го слуша гласот на народот, каков што е и последниот пример со насилното укинување на учебниците. Разговарано беше и за притисокот од Бугарија и не фер односот кон Македонија, посочува Мицкоски во објава на „Фејсбук“.