Наивно би било тоа. Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за тоа дали размислува до Собранието да достави предлог за уставни измени со одложено дејство без да биде уште формирана влада во Бугарија или сепак ќе се чекаат сигнали.

-Таков потег унилатерален би значел целосно загрозување, на и онака загрозените поради авантурите на претходната влада, евроинтеграции на Македонија како држава. Се разбира дека треба да се добие било каков сигнал за да одиме чекор напред. Нема да влезем во било каква авантура, инаку можевме тоа многу порано да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Не сме ниту Бујар Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес е македонските граѓани, државата, евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме, посочи Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека никогаш нема да го засрамат граѓанинот и имаат заедничка цел, а тоа е Македонија еден ден да биде дел од европското семејство.