Мицкоски посочи дека денес остварил телефонски контакт со г. Метју Палмер, со кој требало да се слушнат уште пред пандемијата и овие мрачни времиња, но поради здравствената ситуација на Мицкоски тој разговор се случил денеска. Тој даде дека разговорот бил плоден и во истиот биле опфатени теми во врска со национални прашања, ковид механизмите и се она кое што ги засега граѓаните,

“Денес остварив еден пријателски разговор со г. Палмер. Во однос на политичките проблеми со кои се соочува Република Македонија, Палмер потенцираше дека САД ќе остане поддржувач на Република Македонија, сега уште повеќе поради заедничкото присуство во НАТО пактот. Позборувавме во однос на пописот кој власта сака да го спроведе во Македонија и можам да кажам дека се согласивме дека пописот е неопходен и потребен, но не сега и во ова време. Ги кажав моите ставови и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на пописот, како и ставот во однос на корупцијата и криминалот кои власта ги форсира во општеството’, истакна Мицкоски.

Се разговараше и во однос на блокадите од Бугарија кон ЕУ, кои што се рефлектираат на европскиот пат на Република Македонија. Се согласивме дека Република Македонија отстапи од многу работи, за кои можеби и не требаше ни да разговара, а тоа не наиде на поздрав од ЕУ, односно Република Македонија не почувствува бенефит од тоа, заврши Мицкоски.