Мицкоски потенцираше дека државната администрација, како и сите државни органи се заробени од ДУИ речиси 20 години. Тој додаде дека не е нормално една политичка партија да создава држава во институциите и да функционира согласно сопствените потреби.

“Македонската и албанската опозиција ќе мора да делува заеднички во одредени сегменти, бидејќи локалните избори се зрела шанса за граѓаните да изберат во своја корист и да се ослободат од ова тоталитарно владеење на СДСМ и ДУИ, а особено она на ДУИ кои 20 години е закотвено во државните институции. Од таквиот начин на работа и инфилтрирањето само на партиски кадар насекаде низ државните институции, придобивка немаат ниту Македонците, ниту Албанците, ниту пак другите етнички заедници. Тоа е уназадување на општеството”, додаде Мицкоски.

Формирањето на длабока држава придонесува задушување на општеството и на кратење на можностите на граѓаните. ДУИ користи ист модел веќе 20 години и тој не враќа со никаков плод кој го почувствувале граѓаните на Република Македонија. Токму затоа на таквиот начин на работа мора да му се стави крајот, а тоа е возможно само доколку се сплотат сите опозициски партии, заврши Мицкоски.