Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на положувањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро, при што испрати честитка за големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Сакам да го честитам овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани. И да им посакам како што е редот здравје, среќа нели, успех, мир, она што на сите нас е потребно, но и на сите граѓани се разбира кои што не го слават овој денешен ден, а се наши сограѓани во оваа наша Македонија.

 

Нека ни донесе пред се здравје овој ден, да бидеме спокојни и мирни во душата, бидејќи тоа е најважно. Здрав човек и мирен човек може да направи сѐ.

 

Така, и да му го честитам нели овој прекрасен момент на фаќачот на крстот. На него и на неговото семејство и на сите останати да им посакам пред се здравје, порача Мицкоски.