Четиринаесет годишниот Марко Ристески по вторпат го фати крстот во осветените води во црквата „Св.Благовештение” во Прилеп.

Тој беше најсреќен од 20 скокачи по светиот крст, од кои едно беше девојче. Марко, кој е деветто одделение во ОУ „Блаже Конески” вели дека имал здравје и среќа. Им посака на сите да имаат здравје и радост.

Притоа тој доби пригодни подароци од општината и општествено одговорни фирми. По традиција, утрово летаа гулаби.