Шилегов е збунет, урла, вика во паника, во очи му се гледа и мисли дека она што е во најава градска куќа ќе ја купи за 11 милиони евра, ќе му ги простиме оние 12.5 милиони евра и што како Худини ги стопи, никој жив не знае како отидоа од продажбата на старата градска куќа, која што речиси ја изгради овој човек овде градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во минатото, вели тој.
Знае дека губи и сака последен грабеж,, последна зделка затоа што 6тта генерација после него не му обезбедена, а другиве 5 генерации ги натрупа со станови, коли, хациенди и згради. Но нема каде да бегаш Петре со тие пари јас ти ветувам ќе те најдеме каде и да сакаш да се скриеш, те гледам во очи и ти го кажувам ова, нема каде да се скриеш. Ќе те најдам каде и да си, и ќе ги вратиш парите на скопјани и на народот што заедно со Заев ги крадевте, порача Мицкоски.