При денешната посета на општина Градско, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е односот на централната власт генерално со општините истакна дека ситуацијата е секаде слична се кратат средства, дотации, нема реализација на проекти и нема поддршка од централната власт кон општините.
Секаде е слична ситуацијата се кратат средства, се кратат дотации, нема реализација на проекти, единствено нешто што е почнато со програмите од претходните години, нема нешто ново, рече Мицкоски.
Во отсуство на релација влада – општини, Мицкоски рее дека општините одлучиле да се самофинансираат преку општински обврзници, но и во овој случај Владата ги попречила во намерата да обезбедат средства за капитални инвестиции.
Го знаете случајот со општина Штип од минатата година, тоа се средства кои што беа наменети за капитални проекти кои што ќе бидат реализирани во самата општина, за жал владата ја тргна таа точка од дневен ред и покрај тоа што беа обезбедени сите позитивни мислења и од Министерството за финансии и од Комисијата за хартии од вредност и од Македонската берза . Сѐ што требаше законски да биде обезбедено, беше обезбедено но за жал имајќи го предвид карактерот на оваа влада ДУИ поддржана од СДСМ, Ковачевски одлучи на владина седница да ја тргне таа точка од дневен ред без да даде образложение зошто тоа го прави и штипјани останаа за жал минатата година во неможност да бидат реализирани капитални проекти во вредност од 5 а некои општини и повеќе милиони евра како што е случајот со Прилеп, Гази Баба, Аеродром и останати општини кои што влегоа во еден процес на издавање вакви општински обврзници, рече Мицкоски.
Тој најави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, со што општините ќе просперираат.
Се надевам конечно една катарза во рамките на СДСМ да се врати на оние патеки кои што и прилегаат на оваа политичка партија каква што беше можеби во минатото, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме фокусирани и ќе се насочиме во работа и реализирање на проекти кои што ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните. Тоа е нашата цел, нагласи Мицкоски.