Претседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со генералниот секретар на Алијанса и кандидат за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Како што објави Мицкоски, со Таравари разговарале за проектите со кои заеднички ќе придонесат за новата иднина што доаѓа.

На чај во Гостивар, со актуелниот и идниот градоначалник Арбен Таравари, заеднички, да се обединиме за новата иднина која доаѓа набрзо – порача Мицкоски.