Тој вели дека граѓаните се разочарани од погрешните политики на криминалната Власт на СДСМ на централно и локално ниво.
– Тешка е судбината и реалноста на семејствата на земјоделците и тутунопроизводителите во Прилеп поради тешкиот живот кој го живеат, а е резултат на лагите на политичките измамници, без разлика дали се естрадни политичари или такви какви што пред избори ветуваат се и сешто, а потоа забораваат што ветиле. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме спремни да им помогнеме и тоа ќе го направиме веднаш по превземањето на локалната Власт овде во Прилеп и прилепско, посочи Мицкоски.