Сега е доцна за такво нешто. Со премиерот Ковачевски сега можеме само да зборуваме за еден консензус, а тоа е предвремени парламентарни избори“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за повикот на премиерот Ковачевски за консензус околу уставните измени.

 

Loading…

 

Зборувајќи за предлогот на Владата за уставни измени, Мицкоски истакна дека тие предлог измени воопшто немаше потреба да се појават во јавноста бидејќи првиот чекор за уставни измени е утврдување на потребата за отворање на уставот за што е потребно двотретинско мнозинство и доколку нема, тука завршува постапката.

 

„Прво, треба јавноста дса знае, а ние како политичка партија тоа многу пати сме го повториле во минатото е дека воопшто сега немаше потреба предлог текст да се појавува во јавноста, бидејќи првиот чекор за кој што се потребни 80 пратеници е чекор во којшто се утврдува потребата за отворање на Уставот и доколку нема двотретинско мнозинство, 80 претеници, тука завршува. Доколку има двотретинско мнозинство, тука влегуваме во вториот чекор каде што е потребно просто нозинство или 61 пратеник и каде што веќе треба да се рзговара по суштина, односно по текстот на предлог амандманите за промена на Уставот“, потенцираше Мицкоски.

 

Тој додаде дека на овој начин владата и Ковачевски ја прават третата суштинска грешка после тајните преговори со Бугарија и влегувањето во процес на прифаќање на францускиот предлог без политички и општествен консензус.

 

„Воопшто сега немаше потреба ова да се случува. На тој начин оваа влада и Ковачевски и останатите направија трета по ред суштинска грешка. Првата суштинска грешка беше што за првпат на политичката сцена влегоа во процес во кој што немаат политички и општествен консензус,а тоа беше кога тајно договараа и преговараа со Бугарија и тогаш како резултат на тие тајни преговори и договори излезе таканаречениот француски предлог. Второ, влегоа во процес на прифаќање и покрај тоа што јасен беше ставот на најголемата политичка партија и на огромното мнозинство граѓани дека тие немаат политички консензус и немаат општествен консензус. И сега трет случај е овој каде што без никаква потреба излегуваат во јавност со предлог текст“, истакна Мицкоски и додаде:

 

„Колку побргу оваа политика и овие политичари престанат да функционираат на македонската политичка сцена, толку побргу ќе излеземе од ова сивило и ќе имаме одредена предвидливост затоашто идната влада на ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали се работи за национално прашање, дали се работи за прашање во делот на економијата, даночна реформа или друг тип на прашања, никогаш нема да влезе во суштинска расправа без да има политички консензус, ако е за тоа потребно и општествен консензус“.