Не станува збор дали бугарските граѓани ќе бидат дел од Уставот, туку што добиваат македонските граѓани и Македонија како држава  и која е причината да се наметне овој критериум и што ги мотивираше Османи, Ковачевски и Пендаровски  да го прифатат тој услов, тоа е суштината, не е суштинското прашање дали Преамубалата во нашиот Устав ќе претрпи измени или нема да претрпи измени

Ние ова што го правиме не го правиме од политички инает, туку затоа што веруваме дека тоа не е исправно и не е добро и не е фер, затоа што ако промената на Уставот била критериум тогаш Македонија сигурно пред десет години ќе била членка на Европската Унија  бидејќи сме шампиони за промена на Устав, незнам која друга држава толку за кратко време го менувала Уставот и второ суштинско прашање е до кога со ова малтретирање , на овоиј македонски народ и од страна на европски бирократи и од страна на корумпирани македонски политичари, има ли ова крај, и ценам дека со изборите ќе дојде крај на тие корумпирани политичари и ќе дојдат политичари кои си ја сакаат државата и ќе размислуваат патриотски, изјави Мицкоски за Радио Лидер.

Под овие услови, јас сум го кажал тоа, додека сум јас претседател на ВМРО ДПМНЕ,  додека не дојде до промена на условите без разлика дали ВМРО ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени од принципиелни причини, кажа Мицкоски.

Од друга страна е прашањето зошто се случи сево ова и зошто мораше повторно нам да ни се случи и што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има опструкции на патот кон ЕУ, јас не гледам сигнали освен што молчат, јас незнам друга држава која имала билатерален спор во преговарачка рамка,  изјави Мицкоски.