Посетата се случува во светло на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде што Рот ја претставува Германија, и во тој контекст акцентот на разговорот со Димитров ќе биде на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка, со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

– Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот, се вели во соопштението на Секретаријатот за европски прашања.