Според него, на премиерот Зоран Заев поважна му била брзината на потпишувањето на Договорот за добрососедство од квалитетот на договорот и вели дека ова денес што го имаме се последици од брзање.

– Заев и Димитров тврдеа дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се решени сите прашања со Бугарија. Декларацијата на Бугарија не е проблемот, туку тоа што во самиот договор во членот 2 стои дека има обврска Бугарија да ја поддржи поканата на Македонија за членство во НАТО, а во однос на ЕУ пишува да го сподели своето искуство за ние да бидеме членка. Тие уште тогаш имале планови да не блокираат, додава Милошоски.