Милошоски истакна дека кандидат во Ранковце од ВМРО-ДПМНЕ е човек кој е докажан работник и хуманитарец, човек им помага на своите сограѓани, и кој го прави тоа што не е способна оваа власт да го направи и токму затоа уште првиот ден му испратија инспекција да врши притисок.
-Власта кога дозна дека Борче Спасовски ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, уште следниот ден испрати инспекции да вршат притисок во неговите маркети, да притискаат затоа што прифатил да биде кандидат и како неистомисленик да го малтретираат. Но тоа го прават затоа што се исплашени и затоа што знаат и знаат дека ќе изгубат во првиот круг. Најдобар одговор на тие притисоци е масовно излегување на гласање, во што поголем број затоа што овој пат во Ранковце не се заокружува само бројка туку име, големо хумано име на човек кој се покажал како работник, кој помагал на многу жители, а тоа името на Борче Спасовски идниот градоначалник на Ранковце, рече Милошоски.
Тој потенцираше дека власта заради својата неспособност не создаде подобри услови за младите, пензионерите, земјоделците, студентите, тоа што не е способна да го направи власта, го прави Борче кој им помага на своите сограѓани и кој е обединувачки фактор за општината.
– Пораката на жителите на Ранковце е доста е за поделби, време е за градоначалник кој ќе обединува, а тоа господинот Борче Спасовски кој може да обедини и да работи еднакво за сите и да направи подобро место за живеење, изјави Милошоски.