Предлог за изменување и дополнување на урбанистичкото планирање се најде пред матично тело Комисија за европски прашања. Оваа Комисија не може да биде матично тело за овој закон. Се знае дека надлежно матично тело е Комисијата за урбанизам или транспорт и врски и како и да се вика. Урбанистичко планирање си има свои специфики, нема усогласено урбанистичко планирање на ниво на ЕУ, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната собраниска дебата во врска со законите за коридорите 8 и 10д, или конкретно за измените на законот за урбанистичко планирање.

„Заменик министерот за транспорт и врски, па и претседавачот на Комисијата беа толку збунети вчера и под притисок да помине работата што на крај на се во брзање објаснуваше министерот. Или цела работа е свртена наопаку, само за да се покрие криминалот и високата корупција на Артан и Ковачевски“, рече Милошоски.

Милошоски додаде друга работа е, тука имаме пратеници кои биле во ресорот урбанизам, транспорт и врски и знаат дека со ваквите измени во Законот се суспендира правната држава, со вакви урбанистички измени ќе има последици и за општините и за државата и за зголемување на нередот во државата.

„Со ваква постапка се нарушува законодавно правниот систем, се нарушува преземената обврска да го усогласуваме нашето законодавство со европското, овде се злоупотребува европското знаменце за прекривање на високата корупција. Така се работи сега во Македонија и да не се изненадиме ако друга земја членка на ЕУ ни стави одредено вето затоа што се злоупотребува знамето за покривање на коруптивни договори и нивно чување во тајност“, заклучи Милошоски.