Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре на изгрејсонце на Археоастрономската опсерваторија Кокино ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“.

Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, посетителите ќе имаат можност да го проследат изгрејсонцето на едно од најзначајните археолошки и астрономски локалитети во земјата, препознатливо по својата историска, научна и туристичка вредност.

-Присуството на министерот ја потврдува посветеноста на Министерството за култура и туризам кон заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство и неговото интегрирање во современата туристичка понуда на државата, се наведува во соопштението на Министерството.