Се крои ребалансот на буџетот. И викендов се работи во Министерството за финансии за да се добијат точните бројки на државната каса. Сепак, како што веќе изјави министерката за финансии, просторот за маневар со буџетските расходи е сè помал.
Со одлука на Владата, пензионерите ќе добијат линеарно зголемување од 5 илјади денари, што ќе бидат исплатени на двапати, 2.500 денари во септември, а другите 2.500 во март идната година.
Она што загрижува е јавниот долг, кој од 61,2 проценти е проектиран на раст од 3,4 насто, но според податоците со кои располага финансии ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти. Заклучно со мај, дупката во државната каса изнесува 333 милиони евра. Најголем дел од дефицитот е направен токму во изборниот период и изнесува 98 милиони евра.
Претходната влада не ги реализирала ниту капиталните инвестиции според предвидената динамика, потенцираат од ресорот финансии.