Оттаму велат дека станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана.

Министерството за правда има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60.000 денари (без ДДВ). Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот, се наведува во демантот на Министерството.