-Денес власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите за 50%, со што ќе се намалеа цените на литар дизел за 9 денари и бензинот за 13 денари, напиша на својот Фејсбук профил, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕм, Владо Мисајловски.

Во изминатиов период во Република Македонија горивата драстично се зголемија, а бевме и сведоци на редиците со возила на бензиските пумпи.

Во еден момент на дел од бензиските пумпи вработените за КУРИР велеа дека нема повеќе гориво, а граѓаните беа бесни поради неажурноста на власта.