Мишко Ралев до СДСМ испрати порака – професорот истакна дека самостојно го донел изборот и останува слободен професионалец
Мишко Ралев до СДСМ испрати порака по обвинувањата што ги доби откако беше најавено неговото приклучување кон тимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Архитектот и универзитетски професор ќе биде дел од советодавна комисија на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
СДСМ, партијата што претходно сериозно размислуваше да го поддржи Ралев како свој кандидат, го нападна со квалификација за „личен пазар“.
Ралев даде изјава за „Локално“, реагирајќи на критиките од поранешните потенцијални сојузници.
„Не знам зошто се занимаваат со мене. Јас не сум дел од СДСМ, а тие покажаа и дека не им требам. Јас сум професионалец и слободен човек на добар глас. Мојот избор е мој личен, а нивниот чиј е? Ќе бидам дел од советодавна Комисија за урбанизам и архитектура за доброто на градот, доколку Ѓорѓиевски победи на изборите. Така што останувам професор и декан на Факултетот за архитектура и дизајн, а оваа активност би била хонорарна,“ рече Мишко Ралев до СДСМ.
Од СДСМ велат дека нема потреба да се објаснува приклучувањето на Мишко Ралев.
Партијата сепак оцени дека неговите мотиви не биле професионални, туку лични.
„Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар,“ наведоа од СДСМ.
Со посебен статус на социјалните мрежи се огласи и потпретседателката на партијата, Кристина Костова.
Ралев не го коментираше нејзиниот став, но со својата реакција уште еднаш потврди дека изборот е негов и независен.
Преку изјавата од Мишко Ралев до СДСМ – порача дека не прифаќа етикети, политички должности и дека останува верен на струката.
Извор: Локално.мк