Предлог реформите во образованието направени по диктат на Царовска претставуваат грубо уназадување на образовниот процес. Колку и да се обидуваат да ги наметнат реформите, сепак револтот кај најзасегнатите е уште поголем. Царовска додека се поклонува пред сесловенските просветители треба да биде свесна дека тоа во најмала рака изгледа недостојно и лицемерно. Од една страна упорно го турка спроведувањето на наставна програма во која ќе се укинуваат содржини, а од друга страна тоа го нарекува напредок во образовниот процес, изјави денеска за медиумите, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Експертската фела реагира на ваквата содржина, особено во овој сензитивен момент во кој што се наоѓа Македонија од аспект на наметнување на промена на содржините во согласност со политичките договори. И оттука станува јасно дека не се работи за реформа во образованието туку за политички интереси, посочи таа.
Митева појасни дека ваквите квази реформи се однапред осудени на пропаст. Наметнати и вештачки создадени реформи никогаш нема да дадат позитивен резултат.
– Министерке Царовска, падот на оваа влада треба почне од вас! Најмалку што можете да направите после понижувањата е да поднесете оставка, веднаш, додаде таа.