Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе поднела жалба на одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во случајот поврзан со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски.

Жалбата веќе е доставена

Одговарајќи на новинарско прашање за понатамошните чекори, Мицкоски посочи дека сега се очекува Вишото јавно обвинителство да ги разгледа сите факти поврзани со предметот.

„Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа коешто е содржано во жалбата“, изјави Мицкоски.

Се чека одлуката на Вишото обвинителство

Премиерот додаде дека во овој момент не би сакал дополнително да го коментира случајот сè додека не се произнесе Вишото јавно обвинителство.

„Така што еве да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме“, порача Мицкоски.