Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом, пишува во својата честитка на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина.

Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет.

Честит Курбан Бајрам!, пишува Мицкоски во честитката.