Премиерот Христијан Мицкоски ја повика скопската градоначалничка Данела Арсовска да преземе мерки за градилиштето во Чаир. Тој истакна дека таа тврди оти објектот е без градежна дозвола. Мицкоски потврди дека Арсовска има ингеренции да дејствува.
-„Арсовска има ингеренции и треба да постапува ако мисли дека е така. Филозофирањето и голата реторика не му помагаат на народот“, изјави Мицкоски. Тој зборуваше во Желино, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата. Таму беше завршена изградбата на патот Палатица – Тетово.
Вчера, Арсовска Арсовска преку пренос во живо на социјалните мрежи испрати повик до надлежните. Таа ги повика директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според неа, треба да излезат на терен и да постапат за дивоградба во Чаир. Таа тврди дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дозволил градба на државно земјиште без дозвола.
извор:Skopjeinfo