Денеска премиерот Христијан Мицкоски одговори на прашања од независниот пратеник Скендер Реџепи, посочувајќи на чекорите на владата за расчистување на нерегуларности во секторот за канабис:
„Оваа влада се обидува да најде начин да го зачува достоинството на македонските граѓани и да го придвижи евроинтегративниот процес напред.
Таканаречената „канабис економија“ потекнува од претходната влада, Ние, се трудиме да расчистиме со тие практики. Десетици милиони тони канабис веќе се запленети и депонирани, а се чекаат судските процеси. Повеќе од дваесет лиценци се веќе одземени.
Политиката на канабис економија што ја водеше претходната влада е минато и се надевам дека никогаш повеќе во Македонија нема да се повтори“, истакна Мицкоски.
